понеделник, 16 февруари 2026

Пензионерите бараат пензиите да зависат од просечната плата и стандардот, а не од политичарите

Објавено на

часот

Сподели

Следната средба е закажана за почетокот на март, а дотогаш Владата ќе ги направи потребните симулации за предлозите на пензионерите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува решение да се најде до 10 март, а рече дека ќе биде среќен ако тоа се случи порано.

„Мислам дека имаме согласност оти методолгијата за усогласување треба да се смени. Се радувам што и Сојузот на здруженија на пензионери и Партијата на пензионери беа солидарни кон различните категории на пензионери да добиваат различна висина на пензии. Зборувавме за различни модели кои ќе значат посолидарен начин на поддршка, секако треба да видиме какви импликации ќе има врз пензискиот фонд“, изјави Битиќи по вчерашната средба.

Тој нагласи дека пензискиот фонд е стабилен и оти има зголемени приходи минатата година, а тенденцијата, како што рече, е тој тренд да продолжи.

„Само во јануари имаме усоглсување на пензиите од три проценти. На просечна пензија тоа е околу 478 денари во апсолутен износ. Ако останеме на истиот модел, пензионерите ќе добијат најмалку уште 500 денари во јули, но ние зборуваме за нов модел на усогласување кој ќе понуди повеќе од тоа“, рече Битиќи.

Моделот којшто го предложиле од пензионерските здруженија е тој да биде заснован на промена на животниот стандард и промена на просечните плати.

Пензионерите вчера како конструктивни ги оценија разговорите во Владата и се надеваат на решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

„Треба да се изнајде законско решение кое ќе обезбеди сигурност на корисните на пензии, а истовремено ќе значи одржливо решение“, рече претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ