Кроација осигурување уште минатата година го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за Ковид-19. Проширената патничка полиса нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, потребни лекови дадени при вонболничко лекување, болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репартиципација во случај на потврдена инфекција. Новитет кај Ковид покритието во рамки на патничкото осигурување е што отсега е без временско ограничување, односно може да се вклучи за целото времетраење на патничкото осигурување.
Патничкото осигурување од Кроација овозможува безгрижност при патувањата од било каква природа, проследено со целосна асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде престојува осигуреникот.
Покритието за ковид-19 е достапно кај индивидуално или семејно патничко осигурување и важи за патувања во земјите од Европа, Русија, Турција и Египет. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за ковид-19.
Со секоја купена полиса за патничко осигурување од Кроациа осигурување, осигурениците имаат можност за добивање тестови потребни за патување од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повластена цена. Повластената цена за добивање PCR тест, односно за молекуларна детекција на Kорона SARS-CoV-2 за сите иматели на патничко осигурување од Кроација изнесува 950 денари. Во понудата е вклучен и брз антиген ковид-19 тест со цена од 900 денари, а резултатите од тестирањето се добиваат за 40 минути.






