Ова не е само обичен осмомартовски подарок. Ова е порака дека секоја алка во синџирот е важна. Без разлика на позицијата или градот од кој доаѓаат, овие десет дами годинава ќе испишат нови спомени од Атина, докажувајќи дека во Флекс груп трудот се гледа, а лојалноста се наградува.
„Сакавме да создадеме нешто повеќе од корпоративна култура. Сакавме да создадеме заедница каде секоја жена ќе се чувствува мотивирана и каде авантурата е секогаш зад аголот,“ велат од менаџментот на компанијата.
Идејата е едноставна, но моќна: секоја жена во Флекс груп заслужува момент за себе-одмор, инспирација и чувство дека е ценета. Без формалности, без „најдобра/најгласна/највидлива“, туку со еднаква шанса за сите.
Оваа традиција е дел од културата што Флекс груп ја гради секојдневно: култура на грижа, внимание и човечки пристап. Затоа што зад секој резултат стои жена со свој ритам, свој живот и своја сила.
А ако нешто најдобро го опишува Флекс груп, тоа е токму ова: компанија што знае дека успехот не се слави само со бројки, туку и со луѓе.
Додека куферите се распакуваат, а возбудата од патувањето сѐ уште трае, останува прашањето: Дали си подготвена следната приказна да биде твоја?
Комерцијален текст






