недела, 21 декември 2025

Откажан денешниот протест на Управата за матични книги, усогласени барањата со Министерството за правда

Објавено на

часот

Сподели

Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.

„Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина и К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата. Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор денеска или најдоцна утре ќе биде доставен до Министерството за финансии“, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.

Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ