вторник, 17 февруари 2026

Од полноќ поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 4 ден/лит, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 ден/кг и сега ќе изнесува 53,592 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС95 – 79 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС98 81 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 81 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,592 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,031%, кај дизелот за 4,672%, кај екстра лесното масло за 4,823% и кај мазутот за 1,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,142%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24 март. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ