понеделник, 6 април 2026

Од денеска пониски цени на горивата, а во наредните денови и на лебот, брашното, млекото…

Објавено на

часот

Сподели

Во следните три месеци, односно до крајот на мај годинава стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана ќе биде намалена од 5 на 0 проценти, а данокот на горивата се намалува од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денар.

Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција во Владата вчера ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника.

Донесените законските измени, рече Бесими, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање до јавноста, вчера порача дека пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, има за цел заштита на граѓаните и стопанството.

„Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите“, изјави Ковачевски.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, сетот мерки на Владата е задоцнет и нема да ја подобри состојбата, но сепак и тие го поддржаа во Собранието.

„Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде“, изјави Мицкоски вчера во Свети Николе.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера увери дека се преземени сите неопходно мерки и дека има залихи на жито, како и дека стоковите резерви се на законски пропишаното ниво.

Имаме, рече Николовски, големи залихи кај млиновите – 50 илјади тони пченица, 10.000 тони пченка, јачмен за кој што постигнавме во овие три години целосно задоволување на домашното производство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ