вторник, 15 јули 2025

Ново поглавје за Флекс кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Со гордост објавуваме дека Флекс кредит, еден од најбрзорастечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

Овој важен чекор претставува продолжение на нашата долгорочна стратегија за интернационален развој и зацврстување на позицијата како лидер на пазарите каде што сме присутни.

Проширувањето во Црна Гора е дел од нашата визија за глобален раст и посветеност кон градење стабилен, доверлив и модерен финансиски екосистем. Со секој нов пазар што го освојуваме, ние не само што носиме иновативни услуги за нашите клиенти, туку и отвораме нови можности за вработување, развој и придонес кон локалната заедница.

Денес, освен во Македонија, Флекс кредит со гордост е присутен во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Мексико, а од сега и во Црна Гора – уште еден важен дел од нашата интернационална приказна за успех. Нашата сила лежи во синергијата на локалното искуство и глобалната визија, со што обезбедуваме квалитетна и персонализирана услуга за клиентите во секоја земја.

Во темелот на нашето работење се грижата за клиентите, вработените и заедницата. Веруваме дека долгорочниот успех се гради преку задоволни клиенти, мотивирани тимови, транспарентна комуникација, одговорни деловни практики и активна општествена одговорност. Со новиот пазар, новите соработници и новите идеи, продолжуваме да ја градиме приказната на Флекс кредит како стабилен, иновативен и општествено одговорен бренд, кој остава позитивен отпечаток секаде каде што е присутен.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ