Секогаш полн свежи парчиња што го привлекуваат вниманието, новата колекција на Дан Џон (Dan John) повторно е одраз на она како треба да изгледа совршениот маж, со супер истенчен стил кој ужива во секој момент од животот.

Во истата ќе најдете претежно светли парчиња сосема навреме за почетокот и целосно уживање во топлата сезона, прикажани преку совршено скроените костими, палтата за вечерните излегувања, панталоните за секојдневните состаноци, но и шик кошулите со принт и маичките за тренди изглед.
Сега е полесно од кога и да е да ги споите тренди парчињата со оние класичните бидејќи колекцијата на Дан Џон ви го овозможува тоа и многу повеќе.

Додадете доза шарм на вашиот стил со модните додатоци што и во оваа колекција ги има во изобилие, а останете запаметени и по неодоливата свежина што со себе ја носат парфемите со името на брендот.
Како и секогаш, дизајнерите на Дан Џон се погрижија на момците да им понудат неверојатно чувство кога ги носат парчињата, благодарение на ултра квалитетните материјали по кои брендот е познат.

Секогаш со доза префинетост, кроевите иако супер модерни, и овојпат потсетуваат на единствената италијанска класика која секогаш раскажува неодоливи приказни.
Оваа сезона, не постои ништо попривлечно од маж што знае што сака од животот, а кога на тоа ќе му додадете шармантно парче во неутрална нијанса, тогаш имате сè што посакувавте.
Ние издвоивме некои од највпечатливите парчиња за оваа пролет, а на вас оставаме да ги одберете фаворитите и многу повеќе од тоа во продавницата на брендот во Ист гејт мол и онлајн.
Комерцијален текст






