понеделник, 16 февруари 2026

„Никоб медикал“, една година достапни на секој повик на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Една година „Никоб медикал” заедно со граѓаните се соочува со предизвиците кои ги донесе пандемијата од ковид-19.

„Одговоривме на секој ваш повик, пристапивме кон секој ваш здравствен предизвик и ги решававме вашите медицински потреби. Ги понудивме нашите капацитети и услуги прилагодени според вашите потреби“, велат од компанијата.

За една година „Никоб медикал” создаде кадар од 82 високо обучени млади доктори, сестри/техничари, распоредени во 25 тимови со по еден доктор, медицинска сестра и возач, достапни, брзи и ефикасни, а на располагање на граѓаните им се и 10 најмодерни амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета и тие се за неколку минути во вашите домови во Скопје и еднакво брзо и надвор од градот.

„Чест и гордост ни е што 4.600 задоволни пациенти ги користат нашите пакети на услуги, а за една година реализиравме и над 10.000 интервенции во Скопје, државата и надвор од неа. Поминавме над 35.000 километри во меѓународен транспорт и брзо и безбедно стигнавме до Истанбул, Солун, Атина, Приштина, Бон, Белград, Будва, Венеција и до Цирих“, велат од „Никоб медикал”.

Оттаму додаваат дека тука нема да застанат, „продолжуваме уште посилно и попосветено за вашите потреби и што е исто така важно, со цени прилагодени според вашите финансиски можности“.

„Остануваме достапни кога е најпотребно, бидејќи за животот се работи“,  порачуваат од компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ