Никоб лаб од денеска го прилагодува работното време во согласност со актуелната состојба, така што на дисталните пунктови наместо двосменско работно време се воведува едносменско работно време и работното време ќе трае од понеделник до петок од 8 до 15 часот, во сабота од 8 до 14 часот, а недела е неработен ден.
На пунктот во базата во Кисела Вода заради динамиката, работното време останува од понеделник до недела од 8 до 22 часот и наместо досегашните 8 шалтери, активни ќе бидат 2 шалтери за тестирање, без закажување.
Со прилагоденото работно време остануваме брзи, квалитетни со најприфатливи цени, димензионирајќи ги услугите според актуелните случувања и потребите на граѓаните и заедниците со најдостапна услуга и најраспространета мрежа во државата.
Комерцијален текст






