Како што соопштија од НЕР АД Скопје, дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александруполис.
„Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас“, велат од НЕР АД Скопје.






