„Нема промени во фиксниот курс на денарот, додека девизните резерви минатата година пораснаа за 8,4%, се наведува во извештајот на агенцијата. Растот на девизните резерви, коишто достигнаа 3,6 милијарди евра во 2021 година, овозможува доволна девизна ликвидност за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Од агенцијата забележуваат дека има и дополнителен заштитен механизам, односно дека Народната банка има можност за обезбедување дополнителна ликвидност во евра преку репо-линијата од 400 милиони евра, којашто Европската централна банка ѝ ја додели на Народната банка со можност на користење до март годинава. Досега, таа можност не е искористена, но може да се употреби при остварување екстерни ризици“, велат од Народната банка.
Во соопштението се наведува дека придвижувањето на стапката на инфлацијата е резултат на надворешни фактори, како растот на цените на енергенсите и на храната, што е нагласено во извештајот од „Стандард и Пурс”.
„Тие очекуваат стабилизирање на овие притисоци во 2022 година, како резултат на забавување на растот на цените на храната. Агенцијата за кредитен рејтинг очекува дека стапката на инфлација во земјава за годинава ќе изнесува 2,6%, за догодина 2% и за 2024 и 2025 година ‒ 1,8% и 1,5%, соодветно“, соопштува Народната банка.
Банкарскиот сектор е стабилен, посочуваат од „Стандард и Пурс”, велат од . централната банка и додаваат дека адекватноста на капиталот е зголемена и изнесува 17,3%, додека нивото на нефункционалните кредити изнесува 3,6%.






