Во одговорот на нашето прашање само се додава: „Се надеваме дека за брзо време ќе биде системот ставен во функција, за што ќе следи и официјално известување за терминот од кога ќе почнат да се спроведуваат јавните набавки“.
Од фирмите кои ги одржуваат двата сајта не одговорија на нашите прашања за каков „технички“ проблем станува збор и не упатија за сите информации да се обратиме до Бирото за јавни набавки. Исто така и од Министерството за финансии упатија на Бирото.

Инаку, денеска вработен во институцијата за МКД.мк информира дека е извршен хакерски напад „ransomware” поради што изминатив четири – пет дена се стопирани сите јавни набавки. Според неговите информации, хакерите го избришале целиот „бекап” и дека бараат „откуп” во биткоини за да бидат вратени податоците во целост. односно и целата архива
Дали и каква штета евентуално е предизвикана врз архивата и воопшто врз доверливите податоци, останува да соопшти Бирото јза јавни набавки, секако доколку дојде и потврдата дека се работело за хакерски напад.
Хакерски напад од типот ransomware претставува малициозен софтвер создаден да ги шифрира датотеките што ги прави сосема неупотребливи, како и целиот систем потпрен на датотеките. Хакерските групи, по правило, испраќаат порака дека за да ги вратат податоците во оригинална форма (дешифрирани) ќе треба да им се испрати одредена сума во крипто валута.
П.Џ.






