„Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките“, вели Ангеловска-Бежоска во изјава за МИА.
Гувернерката посочува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулатните кои сакаат да профитираат.
Таа истакнува дека домашната валута е стабилна, но и дека има доволни количини девизи на пазарот доколку некој сака да купи.






