„ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.
Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, соопшти НБ.
Хакерската група „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле напади врз неколку македонски банки. Грчките хакери на твитер објавија дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.
Инаку, хакерската група која се именува како „Моќна грчка армија“ на 6 февруари се пофали дека влегла во веб сајтот на македеонското Министерство за образование и наука, но и дека преку системот на министерството влегла и во безбедносните камери за што објави и снимки. Министерството утредента демантираше дека бил извршен хакерски напади и уште соопшти дека снимките не се од простории на министерството бидејќи такви камери во просториите и не се поставени.






