„Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност”, вели Нацевска.
Таа посочи дека нема индикации за повлекувања на заштедите, напротив тие и понатаму растат.
„Директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат. За споредба, филијалата на „Сбербанка” во Босна и Херцеговина налагаше да се преземат интензивни мерки од страна на босанските власти, и веќе се преземаат мерки од страна на регулаторот. Истото е и Словенија. Ние немаме таква ситуација, што е добро, бидејќи депонентите кои ги чуваат своите средства таму ќе беа загрижени и ќе имавме непријатна слика, како што е во тие држави”, вели Нацевска.
Таа сепак смета дека има ризици од индиректните ефекти, кои доаѓаат од санкциите кои се преземаат од страна на Европската Унија и другите економски сили, како САД, Велика Британија, Канада, па дури и Швајцарија кон Русија, но и контрасанкциите од страна на Русија. Тие креираат неизвесност и дневна променливост на случувањата на финансиските пазари и на светските пазари на примарни производи, заради што, да се излезе со некакви проекции за ефектот врз нашата економија во овој момент, е преголем ризик.
Срдечно,






