понеделник, 16 февруари 2026

Народната банка работи на унапредување на банкарската регулатива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Народна банка според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка.

Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка. Паолучи ја поддржа и заложбата на Народната банка за преземање активности во доменот на зелените финансии. Во тој контекст, беше посочено дека е исклучително важно што Народната банка во рамките на своите стратегиски цели за наредниот тригодишен период предвиде повеќе активности во овој домен. Во рамките на активностите е предвидено утврдување на изложеноста на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени. Со ова ќе се создадат услови за подготовка на рамка којашто ќе им овозможи на банките да ги вградуваат ризиците од климатските промени во своето деловно планирање и управување со ризиците, како и во рамките на внатрешните контролни механизми, е наведено во соопштението.

Додаваат дека во овој сегмент, претставникот на Светската банка посочил на продлабочувањето на соработката со Народната банка преку вклучување на земјата во рамките на проект со кој би се дијагностицирале зелените финансии во регионот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврнала на движењата во економијата, при што беше посочено дека економскиот раст e согласно со очекувањата, додека кај движењата на инфлацијата внимателно се следат факторите коишто придонесуваат за нагорно придвижување на цените.

Според Бежовска, поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови, но јасна е потребата од внимателност, како и подготвеност да се реагира доколку се јави потреба.

Вниманието на Народната банка е насочено кон одржување соодветен баланс на поставеноста на монетарната политика којшто ќе овозможи соодветни услови за натамошен економски раст, со истовремено одржување на ценовната стабилност и стабилноста на домашната валута, истакнуваат од Народна банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ