понеделник, 16 февруари 2026

Најудобните душеци за спиење се со жицата произведена во „Брако“од Велес

Објавено на

часот

Сподели

„Со најновата инвестиција во современ машински парк за производство на високо и средно јаглеродна жица, планираме месечното производство од 200 тона, да го зголемиме на 600 тона“, велат одговорните од програмата за жичано производство.

Опружната жица е 95 проценти наменета за извоз, а само 5 проценти за домашен пазар. Се произведува со дијаметар од 1,3 мм до 3 мм и се испорачува во котури од 250 до 500 килограми. 

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа и производство на клинци, жарена жица, поцинкована жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.

Од 20 до 24 јуни во Дизелдорф, на меѓународниот саем на жичани производи под слоганот „Join the best“, „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители во светски рамки, презентирајќи ги своите  производи. Главен предизвик со презентацијата на „Wire Dusseldorf“ е очекувањето за постигнување на целта од 3.000 тона месечно производство во наредните четири години.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ