недела, 15 февруари 2026

На агенцијата „Беса Травел“ ѝ е одземена лиценцата

Објавено на

часот

Сподели

„По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт – импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса улица ‘Стив Наумов‘ број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи. Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор, па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата“, пишува Бектеши на Фејсбук.

Од ресорното Министерство ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.

Одземањето на лиценцата на туристичката агенција, Бектеши го најави вчера на прес-конференција. Со оваа туристичка агенција патуваа 45-те македонски државјани кои враќајќи се од Истанбул загинаа во автобуската несреќа што се случи на автопатот Струма во Бугарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ