недела, 15 февруари 2026

На 11 февруари првиот лет Софија-Скопје, од март редовни летови

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.

Со тоа, според министерот за транспорт Николај Сабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Северна Македонија да ги посетат нејзините одморалишта.

Сабев рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите.
Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од

Северна Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан.

„Ќе биде финансиран од Европската комисија“, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ