вторник, 16 декември 2025

Морачанин ќе го предложи законот на ССМ за минимална плата од 18.000 денари

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се дискутирало за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати, соопшти ДОМ.

„Од страна на пратеничката Морачанин беше истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието. Работниците ја добиваат потребната поддршка во Собранието и од страна на пратеничката Морачанин, а со цел унапредување на нивните работнички права и остварување на правото на достоинствена плата со зголемување на минималната плата и со спирално зголемување на останатите плати“, пишува во соопштението.

Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека ССМ ја поздравува одлуката  партијата ДОМ да го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата и дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ