Сите земји од нашиот регион имаат повисок износ на минималната плата – највисок е минималецот во Словенија каде изнесува 1.074,43 евреа евра, по што следува Хрватска со 569 евра. Во Црна Гора, по усвојувањето на измените на Законот за работа, од јануари минималната заработувачка изнесува околу 450 евра. Во Србија се исплаќа минимална плата од околу 300 евра, а во Бугарија околу 280 евра.
Најдобар стандард имаат работниците на „минималец“ во Луксембург со 2.257 евра, потоа следуваат Финска, Норвешка, Шведска… Ирска со близу 1.800 евра, Холандија со над 1.700, Германија, Белгија и Франција со над 1.600 евра…
Во Македонија во тек се преговори меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата. Синдикатите бараат минималецот веднаш да се зголеми на 18.000 денари, со оглед на зголемените трошоци на живот и енергетската криза. Работодавачите се на став дека минималната плата би требало да изнесува над 16.300 денари, а дел од нив излегоа и со предлог да се субвенционира зголемување на минималната плата.
Минатата недела се одржаа два состанока на Економско-социјалниот совет, а за денеска, според најавите, се очекува уште еден состанок.






