среда, 24 декември 2025

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, субвенции, плати, К-15 и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Меѓу реализираните налози, како што посочуваат оттаму, исто така во текот на изминатата недела се и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и средства за поврат на придонеси кон заштитни организации. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ