понеделник, 16 февруари 2026

Мерките на Народна банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата, оценија Ангеловска Бежоска и Азески

Објавено на

часот

Сподели

Според нив, регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста.

На работниот состанок, како што информираат од Народна банка, се разговарало околу тековните предизвици со коишто се соочуваат македонските компании, а била истакната високата поврзаност на домашната економија со Европската Унија, како наш најголем трговски партнер.

„Продолжената пандемија влијаше врз ликвидноста на економските субјекти во ЕУ, што постепено започна да се чувствува и кај македонските фирми коишто ги пласираат своите производи на европските пазари, а особено на германскиот. Исто така, постпандемиското закрепнување на европската економија позитивно влијае врз остварувањата и на домашната економија, беше истакнато од Стопанската комора. Сепак беше истакнато дека непредвидливоста е голема, особено имајќи ја предвид енергетската криза и геополитичките тензии“, соопштија од Народна банка.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, се додава во соопштението, се осврна на последните макроекономски остварувања, коишто упатуваат на раст на домашната економија согласно со макроекономските проекции но и присутни ризици.

„Во однос на ценовните движења беше посочено дека засега нагорното придвижување на инфлацијата се должи главно на фактори поврзани со растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари. Во такви околности, засега монетарната политика е олабавена, за да се овозможи соодветна финансиска поддршка на економскиот раст. Сепак, Народната банка со внимание ги следи движењата и кај домашните фактори, на редовна основа ја преиспитува поставеноста на монетарната политика и е подготвена за соодветна реакција“, се додава во соопштението.

На работниот состанок се разговарало и за продлабочувањето на соработката помеѓу Народната банка и Стопанската комора, преку поредовно меѓусебно информирање за макроекономските движења, како и за согледувањата на приватниот сектор за економските услови во земјата и во меѓународното окружување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ