„Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите,“ се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација.
Во секој случај, велат од МБА, во дадениот макроекономски амбиент, пред се на глобално ниво, ова е очекувана мерка од нашата Централна банка.
Народната банка денеска соопшти дека по априлското зголемување на основната каматна стапка, сега е направено дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.






