Траторијата Мато наполетано од Скопје која гурманите во регионот веќе ја знаат, препознаена и од строгите меѓународни инспектори на топ 50. Инспекторите им доделија признание, со што траторијата од Македонија успеа да влезе меѓу европската гастрономска елита.
Признанието го примија идејните творци зад брендот Мато наполетано, Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски.
„Вистинско мерило за нашиот успех е задоволството на нашите гости. И препознавање на високите стандарди од експертите во оваа индустрија, ни годи. Конечно и Скопје е поставено на европската гастрономска мапа, поради што сме горди. Тоа е наш придонес за градот во кој живееме”, искоментираа кратко во изјава по доделувањето.






