понеделник, 15 декември 2025

Maкс ТВ целосно во ХД резолуција и со нови ТВ канали

Објавено на

часот

Сподели

Македонски телеком ќе им овозможи на корисниците да уживаат во најдобрата телевизија MaксТВ со кристална слика во висока ХД резолуција. Повеќе од 90 канали од стандардна СД, ќе се заменат со ХД резолуција, како резултат на модернизација на платформата со нова технологија. ХД верзиите на каналите ќе бидат дел од стандардната понуда на MaксТВ и достапни за сите корисници, независно од технологијата на поврзување.

Посветени сме да обезбедиме врвно корисничко искуство со најдобрите услуги и најновите технологии. MaксТВ е најдобриот ТВ бренд во Македонија, уште од 2008 година и лидер на ТВ пазарот, а денес брои над 146.000 корисници. Ова се должи на квалитетот, иновативноста и постојаното збогатување на содржините со нови канали кои отсега ќе бидат во висока ХД резолуција“, изјави Бранко Станчев, главен комерцијален директор за приватни корисници.

Замената на каналите од СД во ХД резолуција ќе се одвива етапно, во следните две недели. Детален преглед на редоследот на каналите корисниците ќе најдат на МаксТВ инфо канал 6 и на telekom.mk.

ТВ понудата на МаксТВ ќе се збогати и со нови канали. На барање на корисниците повторно ќе бидат достапни Дискавери ченл (Discovery Channel), Јуроспорт (Eurosport 1 и 2), ТЛЦ (TLC) и Травел ченл (Travel Channel), во висока ХД резолуција за сите корисници на M и Л тарифите, а наскоро уште 5 други Дискавери канали во Л тарифите, соопшти Македонски телеком.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ