понеделник, 22 декември 2025

Макпетрол: Лажна наградна игра по приватни пораки на социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

„Макпетрол традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај” и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален фејсбук-профил е „Макпетрол Ultra”. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со Макпетрол и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат“, истакнуваат од компанијата.

Надлежните институции се известени за пораките преку кои што се повикува учество во лажната наградна игра.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ