недела, 15 февруари 2026

„Макпетрол“ ја намали цената на КПГ-метанот за 13 отсто

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром”, како и поради фактот што „Макпетрол” е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас“, истакнуваат од компанијата.

Капацитетот на „Макпетрол” на планот на нафтените деривати, како и на другите енергенси, е единствен на македонскиот пазар, односно се работи за бренд чие што 75-годишно искуство и расположлив кадар овозможува да постигнува вакви резулати сè со цел на своите деловни партнери да обезбеди најквалитетни енергенси по најповолни цени, велат од „Макпетрол“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ