вторник, 9 декември 2025

„Макпетрол“ ги предупредува граѓаните: Повторно се шири лажна наградна игра

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебстраници и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно.

„Макпетрол“ повторно укажува дека е во прашање компјутерска измама која што може да ја загрози безбедноста на корисниците, нивните електронски уреди, лични податоци, но и тие на кои што пораките евентуално би биле препратени. 

„Единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk. ‘Макпетрол Ultra‘ е официјален профил на Фејсбук. Традиционално, ‘Макпетрол‘ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со Макпетрол“, истакнуваат од компанијата и додаваат дека наведената лажна наградна игра е пријавена кај надлежните институции.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ