Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските вина од сортата „вранец“ и преку стручна презентација биле презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна во земјава.
„Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Северна Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата“, велат од „Вина од Македонија“.
Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година.






