Податоците на ДЗС покажуваат дека од јануари до март годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44 338 000 денари, што е за 39,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Нашите градежници во првиот квартал годинава работеле на пазарите во Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Чешка.