понеделник, 16 февруари 2026

Македонија непречено се снабдува со нафтени деривати, шпекулации ја зголемија потрошувачката за пет пати

Објавено на

часот

Сподели

Според Ковачевски, шпекулациите на кои граѓаните беа изложени во текот на минатата недела прво предизвикаа да има зголемена потрошувачка на гориво на бензинските пумпи. Тој информираше дека за пет пати била зголемена дневната побарувачка односно продажба на гориво на бензинските пумпи. Дел од помалите продавачи на гориво во текот на првиот ден од ширењето на таа шпекулација, како што рече Ковачевски, ги намалија количините што ги продаваа на своите бензински пумпи, со цел количините што ги имаат да ги зачуваат и да ги продадат по поголема цена, по покачувањето што беше евидентно согласно движењето на цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи.

„Имаше зголемена продажба односно купување од страна на странски државјани во Северна Македонија со оглед на тоа што нашето усогласување на цените дојде подоцна од соседните држави. Оттаму имаше исто така на бензинските пумпи зголемена побарувачка, што може да се види на пограничните места во државата, каде неколкукратно беше зголемена продажбата на нафтените деривати”, рече тој и додаде дека откако Владата излезе во текот на денот кога тоа се случи тоа, веќе нема гужви на бензиските пумпи и снабдувањето со нафта и нафтените деривати се одвива нормално.

На прашањето дали и кога може да се очекува да се пушти во функција нафтоводот во земјава и дали со тоа би се намалила цената на нафтата, министерот за економија Бектеши одговори дека тоа не значи дека ќе плаќаме поевтина нафта, имајќи предвид дека се прават пресметките и начинот како ќе се утврди цената за користење на нафтоводот.

Тој информираше дека заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и со министерот за финансии Фатмир Бесими веќе преговарале за тоа која е обврската согласно Преспанскиот договор и што произлегува за нашата држава. Во моментот кога ќе имаме соодветно решение што ќе биде во интерес и на потрошувачите и државата, прече Бектеши, тогаш ќе донесеме соодветната одлука за да дозволиме нафтоводот да се пушти во употреба.

„Во зависност од оперативните трошоци, во преговорите е вклучена методологија, начинот на пресметка на нафтоводот, што не значи дека во овој момент би ги намалило цените на нафтата и нафтени деривати. Затоа преговараме, со цел да имаме во иднина таков нефтовод кој во континуитет ќе влијае во намалување на цената. Во овој момент на дневна база на светските берзи се менуваат цените на нафата и нафетние деривати. Цените во делот на транспортот што ги признава моментално што ги признава РКЕ и од пристаништетот од Солун, не се менува”, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ