недела, 15 февруари 2026

Лозјето може да се крои, кај земјоделските култури нема штета од мразот

Објавено на

часот

Сподели

„Ниските температури минатата недела беа во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината. Во реоните каде што температурите беа најниски, имаше и снежна покривка која дополнително штити од измрзнувања“, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Временски услови неделава, со минимални температури од -4 или -5 степени и дневни меѓу 3 и 11 степени, исто така се очекува да им годат на културите во услови на презимување.

„Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите. Може да се почне со кроењето на виновата лоза зашто тоа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме“, истакнуваат од УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ