Kорона пандемијата најмногу ги погодила угостителските објекти и трговците на големо и мало, покажуваат податоците од Централниот Регистар.
Се затвориле вкупно 343 ресторани и објекти за послужување храна, како и 181 субјект за послужување пијалоци, 282 неспецијализирани продавници за продажба на храна, пијалоци и тутун, 130 од друга трговија на мало, специјализирани продавници за зеленчук, мебел, градежни материјали, за производоство и продажба на месо, трговија на мало со облека, обувки, играчки, аптеки и слично.
Кризата не поштеди ниту еден бизнис. За една година клуч на врата ставиле и 15 фабрики за произивдоство на текстил, облека и обувки.
Извор: Сител






