вторник, 17 февруари 2026

Кредисимо со хумано дело: за еден ден собра 60.000 денари за лицата со Даунов синдром

Објавено на

часот

Сподели

Акумулираниот износ беше собран во заедничка соработка со следбениците на Credissimo на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Компанијата, одбележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, на социјалните мрежи објави пост со кој ги повика своите фанови да се приклучат на хуманитарната акција, пишувајќи коментар со портокалово или сино срце. За секој коментар, Credissimo донираше по 50 денари, а вкупната сума која беше собрана и ќе биде донирана на здружението ТРИСОМИЈА 21 Скопје, е 60.000 денари.

Credissimo уште еднаш покажа како на забавен начин може да се направи хумано дело со кое ќе се предизвика искрена насмевка. Одговорниот однос кон најмладата популација, особено онаа од ранливата категорија, значи преземање на чекор напред во грижата за прифаќање на различностите и подобрата иднина за целото општество.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ