понеделник, 16 февруари 2026

Ковачевски: При крај се работите на делницата Штип – Крупиште и таа е во употреба

Објавено на

часот

Сподели

„Градежните работи во штипско, како централна точка на источниот регион, се одвиваат со засилен ритам и го менуваат ликот на модерните клучки и патни решенија кон Кочани, кон Радовиш и Струмица, кон Пробиштип и кон другите урбани центри на нашиот исток“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој рече дека бетонските конструкции на мостовите и надпатниците се завршени до 80 проценти и дека се подготвуваат завршните работи на хидроизолацијата, како и дека е во тек процедурата за набавка и поставување на еластична одбојна ограда, додека на клучките кај Спанчево се вршат подготвителни работи за монтажа на осветлувањето. Исто така, се подготвува набавка за сигнализацијата на патната опрема, а се поставуваат оптички кабли.

„Делницата Штип – Крупиште пак, веќе е во употреба. Вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Дел од тие средства се од Европската банка за обнова и развој која препозна одржлива инвестиција, дел од страничните правци на Коридорот 8“, изјави Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ