Премиерот оценил дека Македонија во пандемијата влезе со солидни макроекономски основи одржувајќи и натаму ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор и нагласил дека со ефективната поддршка на ММФ е ублажено економското и социјалното влијание на кризата од ковид-19.
„Со поддршка од финансиските инструменти на ММФ, владата спроведе шест пакети фискални мерки за да помогне во решавањето на проблемите со ликвидноста на фирмите, да ги заштити работните места, но и ги поддржа најранливите преку субвенции за плати, одложување на даноци, субвенционирани заеми и гаранции за заеми за фирмите, поддршка специфична за секторот, инвестициски стимулации и финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи. Како еден од резултатите на овие мерки, стапката на невработеност на крајот на 2021 година, во екот на пандемијата се намали на историски 15,7 отсто, за разлика од стапката од 32,1 отсто во 2010 година“, истакнал Ковачевски.
Тој уште и додал дека Владата е целосно посветена на реформите во управувањето со јавните финансии.






