вторник, 30 декември 2025

Кога Битола повторно ќе добие парно греење?

Објавено на

часот

Сподели

Во декември минатата година беше соопштено дека е започната изградбата на топловодната мрежа за Битола, Могила и Новаци, а денеска е објавено соопштение дека првите цевки се поставени на излезот од РЕК „Битола” кон Новаци и дека тие треба да ја прифаќаат топлинската енергија која се создава како нус производ во текот на производството на електрична енергија и да ја спроведуваат во системот за парно греење на трите општини.

Изведувачите на работите, фирмите Рапид Билд и Гранит во оваа фаза имаат трасирано повеќе од два километри од топловодот, обезбедувајќи работен простор за машините кои ги транспортираат и поставуваат цевките, соопшти ЕСМ.

Оттаму потсетуваат дека почетокот на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила беше означен во декември минатата година.

„Проектот е во вредност од 46 милиони евра, од кои 39 милиони се кредит од германската КфВ банка, а 7 милиони се средства на АД ЕСМ. Рокот за изведба на проектот е две години. Согласно планот, на почетокот на топлификацијата ќе се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила“, велат од ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ