„Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници. Ова е осмиот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се искачува на 22.000 метри квадратни што не прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот.
Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во Струмичкиот регион. Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите“, велат од компанијата Мебел-Ви ДООЕЛ Виница.






