Насловот на книгата е извлечен од колумната на Азески објавена на 27 март 2020 година во неделниот магазин „Фокус“, во која тој на прецизен начин ги предвиде збиднувањата и последиците од пандемијата врз економскиот живот. Во таа колумна, анализирано од денешен аспект, се потврдува дека неизвесноста и натаму продолжува, дека државата не може до недоглед да финансира и дека ќе мора да се преземе нешто друго, но и дека во овој двегодишен период Комората беше на висина на задачата, особено со поддршката за отворање на закочените коридори за снабдување, но и со функционирањето на Кризниот штаб, со секојдневните конференции, со помошта околу вакцинирањето, со предлозите за донесување на владините економски пакет-мерки итн.
Сѐ на сѐ, книгата потврдува дека државата во овие две години му помогна на бизнисот. Сега е време кога треба да си помогнеме сите заедно, а на крајот ќе дојде време кога бизнисот ќе ѝ помогне на државата, соопшто Стопанската комора.






