Инженерите ги бараат финансиските извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,
податоци за набавена и планирана електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година,
број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци.
Се бараат и локации на веб страниците од јавно објавените предлог-одлуки и мислења од јавноста, објаснување за математичките методи за формирање на цените и применетите коефициенти.
„Ова барање е поднесено поради сомневања за можни несогласувања во објавените цени и коефициенти при формирањето на цената на електричната енергија, за кои е потребно детално образложение и транспарентна проверка. Целта е да се обезбеди јавно одговорно и отчетно управување со процесот на одредувањето на цената, што е од исклучителен јавен интерес.
Како се добиени цените на пресметковните елементи во износ од 15,1845 ден/kWh за категоријата мали потрошувачи, ако утврдената просечна цена е 4,6244 ден/kWh, а коефициентите се 0,8296? Како, според која математичка метода или формула се определени коефициентите за категоријата мали потрошувачи за четирите високите тарифи и ниската тарифа?
Очекуваме целосен одговор во рок од пет дена, идентично како роковите што се пропишани со тарифниот систем при прибирањето на мислења и предлози од јавноста во врска со предлог одлуките за цените кои ги носи универзалниот снабдувач ЕВН“, се вели во соопштението на ИРМ (Инженери на Република Македонија).