понеделник, 16 февруари 2026

Инспекторите со засилени контроли за спречување на евентуални манипулации со храна и гориво

Објавено на

часот

Сподели

Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук и енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите.
„Контролите се сеопфатни и затоа се делува координативно и пред сé кај дистрибутивните центри, односно трговците на големо и оние маркети кои имаат сопствени магацини и дистрибутивни центри од каде што се преземаат производите. На овој начин ќе се надминат сомнежите дека не се дополнуваат рафтовите со производи, иако ги има на залиха и токму затоа се прават контроли во дистрибутивните центри на големо“, велат од Владата.
Владата апелира дека во овие услови никој не смее да профитира на грбот на граѓаните и информира дека со излегувањето на терен и засилените контроли веќе се нормализира состојбата.

„Храна, гориво и енергенси има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата“, се додава во соопштението од владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ