Според Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на живот во септември е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, маслото и маснотиите за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 отсто и млекото за 0,4 проценти.
Намалување има и кај воздухопловниот патнички транспорт и тоа за дури 34,8 отсто, кај туристичките аранжмани за 7,1 отсто, производите за домаќинство – нетрајни за 0,8 посто.
Пораст на индексите на трошоците за живот минатиот месец, пак, е забележан кај жестоките пијалаци за 2,3 проценти, јајцата за 2 отсто, виното за 1,9 отсто, сирењето и урдата за 1,2 проценти, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1 процент, кафето, чајот и какаото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,6 проценти.
Пораст на трошоците за живот во септември е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,6 отсто, мотоциклите за 8,6 проценти, речните горива за домаќинства за 6,2 отсто.






