понеделник, 16 февруари 2026

Инфлацијата е повисока од очекуваното, ММФ ѝ препорачува будност на Народната банка

Објавено на

часот

Сподели

Народната банка, која во однос на извештајот испрати соопштение, наведува дека ММФ забележува дека фиксниот курс на домашната валута со децении е сидро на стабилноста на домашната економија, дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво и оти овозможуваат доволно простор за задржување на стабилноста на курсот.

Народната банка соопштува дека ММФ во своите оценки наведува дека „навремениот и силен одговор на Народната банка го ублажи ударот којшто пандемијата ѝ го зададе на економијата, а понатаму помогна во економското закрепнување“.

Според ММФ, регулаторната флексибилност за време на пандемијата беше значително искористена и им помогна како на корисниците на кредити, за надминување на предизвиците со ликвидноста, така и на банките.

ММФ оценува дека банкарскиот систем е добро капитализиран, а дека стапката на адекватност на капиталот во септември минатата година надминала 17%, „поддржана од солидната капитализираност пред пандемијата и мерката на Народната банка за привремено ограничување за исплата на дивиденди од страна на банките“.

Стрес-тестовите на Народната банка покажуваат дека нивоата на капиталот на банкарскиот систем ќе бидат над минималните барања и во ризично сценарио.

Во својот извештај редовната мисија на  ММФ во земјава нагласува дека Народната банка е високотранспарентна и отчетна институција и смета дека е од исклучително значење да се зачува „оперативната автономија како супервизор, и да се одржи независноста на централната банка.

ММФ посочува и дека Народната банка треба да се исклучи од Законот за административни службеници бидејќи има соодветна рамка на внатрешни механизми за донесување на одлуките и за спроведување на активностите, што било констатирано уште пред две години кога мисија на ММФ спроведе проверка и на интерните контролни механизми во Народната банка.

„ММФ и во овој случај посочи на потребата за измени во законската рамка заради зајакнување на независноста на Народната банка“, се вели на крајот од соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ