понеделник, 16 февруари 2026

Идниот месец ќе се одбележуваат 30 години откако е воведен денарот

Објавено на

часот

Сподели

Во иузминатитре години вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, велат од Народната банка и потенцираат дека на овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа.

Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка, добиени се голем број признанија од страна на меѓународните институции, како за нејзиното функционирање, така и за политиките коишто ги спроведува.

„Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни. Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки“, пишува во соопштението.

Народната банка порачува дека идните активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста, но и дека заложбите ги опфаќаат и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век.

„Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор“, информира Народната банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ