„Разговарам со Министерството и го упатуваме предлогот и тутунарите да бидат вклучени во мерката ‘зелена нафта’. Тоа е нова мерка, а сосема е во ред нивното барање. Моментално во прилепско станува збор за околу 1 700 земјоделци, корисници на оваа мерка, а со вклучување на тутунарите, бројката ќе биде двојно поголема“, вели Пачешкоски.
Тој апелира до сите земјоделци да ги чуваат фискалните сметки и потврдите при набавка на вештачки ѓубрива, зашто треба да ги поднесат со пријавување на субвенциите за да добијат по 2 500 денари од хектар.
„Кога ќе почнат да ги пријавуваат субвенциите, за околу еден месец, да ги достават фискалните сметки и потврдите за да бидат вклучени во системот и да добијат по 2 500 денари по хектар. Знаеме дека енорно се зголемија цените на заштитните средства и ѓубривата“, вели Пачешкоски.






