недела, 15 февруари 2026

ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

Објавено на

часот

Сподели

„Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на ‘Енергетика‘ и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден“, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Оттаму додаваат дека дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ