„ЕЛС како најголем приватен поштенски оператор, кој располага со најголеми капацитети и најголем број на возила и канцеларии, подготвени сме да да излеземе во пресрет на потребите на јавниот и приватниот сектор , како и на граѓаните, за извршување непречена функционалност во доставата на нивните писма и пратки бидејќи ЕЛС ги поседува сите дозволи и лиценци за вршење поштенска дејност и врши достава до сите населени и рурални места во државата“, се вели во соопштението на менаџерскиот тим на „ЕЛС“.
Во соопштението се додава дека во однос на актуелните случувања со „Националниот оператор АД Пошта на Северна Македонија“, менаџерскиот тим му дава целосна поддршка на синдикатот и се порачува:
„Не се сомневаме дека заедно со менаџментот на АД Пошта на Северна Македонија ќе изнајдат најдобро решение за сите страни“.
Синдикатот на Пошта и синдикалната организација најавија дека на утре ќе стапат во генерален штрајк на работните места доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари.






