Мултидисциплинарен истражувачки тим од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Институтот за имунобиологија и хумана генетика и Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј изработи Ин Виво научно истражувачка студија насловена Антиоксидантски и анти-инфламанторни ефекти од користење на Ge 132+ Natural при вирусни инфекции, а за модел беше користен вирусот на САРС Ков 2.
Опсервациската студија беше спроведена од ноември 2021 до февруари 2022 година, со цел да се утврди ефектот на Ge 132+ Natural врз стрес маркерите и инфламаторните цитокини IL 6, IL 8 и TNF-a на над 30 заразени пациенти со средно тешка клиничка слика, а контролната група од 15 пациенти со иста клиничка слика не беа третирани со препаратот.
По завршувањето на третманот со антиоксидантот Ge 132+ Natural резултатите покажаа дека се намалуваат индексот на оксидативниот стрес, OSI, за два пати, а параметрите на инфламација, т.е. воспалителните процеси, IL 6 и IL8, за 3 до 6 пати.
Презентираната студија покажа дека дневното користење на актиоксидантот Ge 132+ Natural во текот на вирусните инфекции, вклучително и Ковид 19 е ефикасна и потентна терапија која обезбедува редокс рамнотежа во организмот и го јакне имунолошкиот систем, особено кај пациенти со хронични болести како дијабет, кардиоваскуларни и белодробни заболувања и кај оние со најтешки дијагнози кои се под константен системски оксидативен стрес.
Комерцијален текст
Етичкиот комитет на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје ја одобри оваа студија под број No 03-4731/6.






